Аурора Беге, застапница во францускиот парламент во ток шоуто „Салут Тел Теринес“ дискутираше за аудиовизуелни реформи во таа земја.
Но после емисијата сите дискутираа за тоа кој дел од телото и беше покриен, а кој не, со оглед на тоа што носеше деколтирана блуза и кратка сукња.
Потоа следеа низа коментари „Дали е ова реално“, „Аурора е полугола и се жали на злоставување?“ се само дел од коментарите.
На крај, таа маестрално одговори:
-Сакам да им се заблагодарам на сите кои имаат мислење за аудиовизуелни реформи во јавните служби и образованието. Се шегувам, вистинската расправа на Твитер е таа за должината на мојот фустан, напиша политичарката.