Вчера во времето од 03 часот и 30 минути до 06 часот и 30 минути, во Прилеп на улица “Војводинска“, непознато лице насилно ја скршило влезната врата од куќата на 58- годишниот З.С и извршило кражба, одземајќи 6.100 денари, златен накит и пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,62 кој З.С. го поседувал со дозвола.
Извршен е увид на местото на настанот, а причинета материјална штета е проценета на околу 30.000 денари.
Секторот за внатрешни работи Битола превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.