Претседателот на Македонската Алијанса, големиот патриот и Македонец од Прилеп, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, вчера во Пустец – Република Албанија, даде поддршка за Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), партија која ја предводи коалицијата каде дел е и Партијата Македонска Алијанса за Европска Интеграција, на градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко.
Претседателот на ЛСИ Илир Мета на вчерашната средба со Македонците во Пустец вети значително подобрување на условите за живот на нашинците во Албанија, како и претставник во претседателскиот кабинет.
На собирот во Пустец беше присутен и бизнисменот од Прилеп и претседател на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Неговото обраќање проследете го во продолжение.
А.Г.
ВИДЕО: ТВ СОНЦЕ