Голем број земјоделци ќе останат без субвенции?! Испарија ветувањата на Локвенец за поголема поддршка на прилепските тутунари

„Нема субвенции братче ако не си остварил повисоко производство од лани“ изјави премиерот Зоран Заев на вчерашното гостување во „Топ тема“ и уште еднаш потврди дека субвенциите во земјоделството ќе важат само за оние кои ќе успеат да остварат производство поголемо за 10% во однос на минатата година.

Предизборните ветувања на СДСМ во кои се тврдеше дека доаѓа животот за сите сега не важат. Со новиот начин на субвенционирање земјоделците кои остваруваат помало производство ќе бидат казнети без субвенции, додека големите производители Заев ќе ги наградува на грбот на помалите.

Сите се сеќаваме како помпезно се најавуваа низа мерки за земјоделците, повисоки субвенции за тутунарите, зелена нафта, разни ослободувања …и.т.н.

Не само Заев, гласни во предизборието беа и првите луѓе на СДСМ од Прилеп. Во повеќе наврати пратениците на СДСМ од Прилеп Хари Локвенец и Кети Смилеска, гласно говореа за поделба на тутунопроизводството во три класи и субвенции од 80 денари за прва класа, 70 за втора и 60 денари за трета класа. Иако тоа беше едно од главните ветувања за стотиците прилепски семејства кои опстојуваат од производство на тутун, не се случи ништо. Напротив, субвенциите на сметките на тутунопроизводителите каснеа со недели, а информациите говорат дека постојат сеуште земјоделци кои не ги добиле своите заслужени средства.

Ваква беше сликата пред Тутунска Банка во месец јули кога секојдневно голем број тутунопроизводители со наведната глава чекаа во редици, надевајќи се дека на нивните сметки ќе видат пари.

И покрај високите температури, тутунарите или вкупно 40.000 семејства во Македонија кои се занимаваат со тутунопроизводство субвенциите за минатогодишната реколта ги добија со закаснување од еден месец.

И покрај тоа што беа измамени и не добија повисоки субвенции на сметките, сега им се заканува и воопшто да не добијат субвенции.

Владата на Заев нема да има слух за маката на земјоделците кои можеби нема да имаат повисоко производство од претходната година заради временските прилики, тие ќе бидат казнети од Заев со недобивање на субвенции.

Ова ли е “живот”?

 

A/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.