Го тужел соседот бидејќи неговата мачка му ја изела “златната рибка”, а ова е пресудата…

Smesne-macke-10-620x350

Суд во Полска денес осудил еден Пољак за шиканирање на соседот, бидејќи неговите две мачки ја ловеле златната рибка во езерцето на соседот.

Соседскиот спор прераснал во кавга пред една година, кога сопоственикот на мачките не сакал да вети дека ќе припази на нив и барал докази дека тоа не го прават баш неговите две мачки. Соседот започнал да вика полиција поради упадите на мачките.

Бидејќи полициските патроли не успеале да го убедат Патрик Халачкевич дека е тој одговорен за нападите на неговите мачки, градската полиција по службена должност ја предала работата на суд.

– Виновен е. Морал да ги чува мачките на таков начин да не излегуваат од неговиот имот. А во периодот на кој се однесува оптужувањето, бегале повеќе пати на имотот на соседот, само затоа што нивниот сопственик не превзел никакакви мерки тоа да го спречи – образложила судиката Аурелија Крајчи-Козловска.

Бидејќи не е во прашање општествено опасен престап, Халачкевич е казнет само со укор, а мора да ги плати и судските трошоци.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.