Новинарот Бранко Героски го извлече најдебелиот крај пред кафулето Манда, откако Љупчо Палевски врз него истури црвена и жолта боја.
-Еве ти револуција, фарба со национални бои, Шарена револуција. Тоа е шамарот Геро. Тоа ти е таа твоја Шарена револуција, од тебе не сум задоволен, сега те фарбам киако ти што фарбаше згради. Добра е револуцијава? Завршив со тебе. Јас не сум задоволен и сум шарен револуционер, ја продолжувам револуцијата и чао, му рече Палевски на Героски, притоа поливајќи го со боја.
Епилогот од оваа кавга беше еден посрамотен новинар, кој остана да стои пред кафулето, целиот обоен во црвено-жолта боја.
Кафулето Манда пред време беше исполнето со гости кои со нетрпение ја очекуваа најавената “ферка” помеѓу Палевски и Геровски.