Предизборните политички кампањи се време кога политичарите со голем број ветувања се обидуваат да ја добијат поддршката од граѓаните. Меѓутоа, не сите политичари си стојат на она што го ветиле откако ќе седнат во фотеља и ќе ја добијат власта.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев и првите луѓе на оваа партија во предизборната капања за изборите минатата година, излегоа со големи ветувања, кои за народот беа нереални. Но, очигледно голем број граѓани поверуваа на тоа и го дадоа својот глас за оваа политичка партија, која сега ја предводи власта во Република Македонија.
По социјалните мрежи се проширија флаери од големите ветувања на СДСМ, од чие исполнување до сега нема ни трага ни глас.
Очигледно граѓаните се револтирани од ваквиот однос на власта кон она што го ветиле пред нив.