ГРЦИТЕ ЌЕ ГО ЗАПАЛЕЛЕ СКОПЈЕ: Со запалени факели „Златна Зора“ се закани дека ќе ги запали предавниците, но и Скопје доколку се „предаде“ името Македонија!

Стотици факели биле запалени во Солун вчера од страна на членови и приврзаници на грчката националистичка организација „Златна Зора“. Симболичната порака на грчките неонацисти до Македонија е дека ќе горат сите што ќе направат велепредавство и ќе се согласат со употребата на името Македонија во варијантата за финално решение.

zzora-768x388

Според „Златна Зора“, зборот Македонија не смее да биде дел од името на северниот сосед.

Протестот на партијата која што има 17 пратеници во грчкиот парламент е упатен кон умерената реторика на грчката влада која што по посетата на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров најави дека ќе ја поддржи Македонија на патото кон ЕУ и НАТО ако се најде решение за името, позиција која се промени веднаш по заминувањето на Димитров од Атина.

„Златна Зора е подготвена да се бори и против Скопје и против предавниците кои што ќе дозволат кражба на грчко – македонското историско и културно наследство од варварите од Север“, се дел од пораките кои што биле искажани на митингот.

Во неколку наврати предходно членови на оваа партија ги блокираа граничните премини Меџитлија и Богородица во знак на протест на употребата на иммето Македонија од владата во Скопје.

Видеoто од протестот е снимено и објавено од страна на руската агенција „Ruptly“.

Извор: Инфомакс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.