ГРЦИЈА НЕ ПОНИЖИ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН: Грчката делегација си носела штембиљ „Признаена до Грција како ФИРОМ/ПГДМ“

Грчката делегација уште една реши да ја понижи Р.Македонија, па на официјалните документи добиени од домаќините во Скопје ставале штембиљ на кој пишува дека Грција не препознава Р.Маекдонија туку само ФИРОМ или ПГДМ

Со штембиљ, сличен на налепниците кои грчките цариници ги лепат на автомобилите кои влегуваат во Грција, а на кои има налепници „МК“, денес грчката делегација ги обележувала и сите официјални документи кои ги добиле од официјалните Македонски институции, пренесува инфомакс.

„Призната од Грција како ФИРОМ/ПГДМ“ – стои на штембљот кој грчката делегација го „удирала“ на сите документи добиени од сите официјални државни органи во Македонија .

Срамот да биде уште поголем, МНР сеуште нема упатено официјална протестна нота на ваквото срамно однесување на грчката делегација, која уште еднаш максимално ја понижи земјата во која беа гости.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.