Фрегатата “Адмирал Есен” и подморницата “Kраснодар” на руската воена морнарица, лансирале четири крстаречки ракети “Калибар” по објектите на терористичката организација на ИД во Сирија, во подрачјето на Палмира. Ракетите ги погодиле своите цели, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Лансирањето на ракетите од подморницата “Краснодар” е изведено во подводна положба.
Мети биле воена техника и милитанти кои стигнале од Рака.
Се наведува дека командите на Турција, САД и Израел биле информирани за лансирањето на ракетите кон терористите.
А.Г.