Поминаа 34 години од Зимските олимписки игри во Сараево. Доколку денес го посетите местото на кое се одиграа, ќе добиете впечаток дека времето застанало, бидејќи комплексот е целосно напуштен.
Преубави објекти биле изградени во Сараево тоа време. 2.850 новоигзградени станови, неколку хотели. Речиси 9.500 нови работни места. Некои од објектите, како салата Зетра и стадионот Кошево и денес функционираат, но има и такви објекти кои се постојано напуштени.
Сараево ги добило Олимписките игри во конкуренција со јапосниката Сапора и кандидатот на Шведска Гетеборг.