На една недела до локалните избори се чини дека исходот од истите во Прилеп е познат. Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат Марјан Ристески, ужива огромна поддршка, а тоа е видливо секој ден од неговите средби со граѓаните.
После најголемиот граѓански митинг синоќа, денеска Ристески беше во посета на градскиот пазар каде пиеше кафе со пазарџиите.
Секој негов чекор го следеа насемани лица и поддршка. Граѓаните препознаваат и паметат дека токму Марјан Ристески во изминатите 12 години целосно го промени ликот на Прилеп и веруваат во секој ветен проект во новата програма.
А/Г/