На популарната социјална мрежа Фејсбук во изминатите два дена можеби сте забележале информации за промени во албумите кои сега можат да станат многу побогати бази на вашите спомени. Станува збор за тоа дека Фејсбук одлучи да го редизајнира начинот на кој функционираат албумите. Од сега, во албумите, освен фотографии и видеа, можеме да додаваме и пријава за локација, но и обични текстуални постови.
Истовремено, луѓето во Фејсбук одлучиле да го олеснат додавањето на пријатели кои може да додаваат содржини во нашиот албум, а албумите ќе можеме да ги истакнеме и на профилите. Сето ова треба да придонесе за албумите да станат многу попопуларни, но и да бидат подобро “складиште” на некои важни спомени од патувања.
Ф.Г.