Претставници на НК ,,Мајмуни,, во име на сите прилепски тифози се организираа и му подарија сезонска карта за сите првенствени и куп натпревари на ФК Победа оваа сезона, како и шал на еден од најпасионираните симпатизери на Победа и вопшто на прилепските спортски колективи Саше Ристески.
Несомнено потег и гест кој заслужува честитки и внимание за грижата и помошта кон секој црвено-бел фан, кој се надеваме ќе биде убав пример кој ќе го следат и другите навивачки групи од земјава.
Саше е познат како редовен посетител на сите спортски настани во градов, верен и долгогодишен навивач на Победа.