ГО ИЗМАМИЛ “АНГЕЛОТ НА СМРТТА”: Успеал да избега од “канџите” на Менгеле (ВИДЕО)

Лесли Клеинмен (88) и откри на јавноста како успеал да ја избегне гасната комора и да го измами Џозеф Менгеле, познатиот нацистички доктор, познат како “Ангелот на смртта”.

Лесли ја започнал приказната држејќи во рака црно-бела фотографија од своето семејство. Само тој го доживеал крајот на војната.

“Менгеле експериментираше со луѓето, оперираше без анестезија. Често слушав вресоци додека бев во Аушвиц”, вели Лесли

Кога ги сместиле во логорот, морале да се подредат пред Менгеле. Доколку тој сметал дека се снажни, тој ќе ги оставел, во спротивно завршувале во гасна комора. Многу жени и деца биле убивани.

Додека стоел во редот, Лесли лажел дека има 17 години, иако имал само 14. Тоа била тешка одлука, но сепак се осмелил да лаже.

“За прв пат во животот лажев. Татко ми секогаш ми говореше да бидам искрен. Меѓутоа, мала лага може да ти го спаси животот. Некои работи просто мораш да ги направиш”, објаснува тој.

Така и било. Рекол дека има 17 години, па Менгеле го насочил во групата на луѓе кои ќе преживеат.

“Бев висок 177 центиметри и бев снажен. Бог беше со мене и Менгеле ми поверува”, вели тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.