Кога сите мислеа дека го завршија летното пазарење на играчи, од Милан изјавија дека со вистинските трансфери не се ни започнати.
Од четворицата напаѓачи кои се спомнуваа, Милан најверојатно се одлучил за Мората, пишува “Газета дело Спорт”.
Вчера директорот на Милан, Фансоне, изјави дека постои “напаѓачки триаголник” за кој размислува Милан, а тоа се Мората- Обамејанг – Белоти. Но, иако Мората звучеше како нереална опција, по се изгледа дека Шпанецот ќе се пресели во Милано, и тоа како најскапото засилување во ова лето.
Милан веќе потроши 200 милиони евра на трансфер маркетот ова лето, а доколку го доведат и Мората, ќе треба да оддвојат уште 70 милиони евра, а играчот да добива по 10 милиони евра по сезона.
Ф.Г.