Според извештајот на “IAB”, во Германија никогаш немало повеќе отворени работни места во првите три месеци од 2017 година. Работодавците побарале 1,064 милиони работници, што е за 9000 повеќе од последното тримесечие на 2016 година, кое до сега го држеше рекордот.
IAB својата процена ја темели на одговорите на 8000 работодавци од сите економски сектори.
Околу 77% од отворените работни места се наоѓаат во западна Германија. Околу две третини на тие работни места се однесуваат на занаети, додека 16% се разботни места за високообразовани луѓе, пишува “CroExpress”.
– Во моментов малите и средните компании бараат работници кои се специјализирани за некој занает – изјави истражувачот на IAB Александар Кубис, пренесува “The Local”.
Ф.Г.