Околу 850 работници на „Фени“ го блокираа магистралниот Градско-Прилеп со барање неколкуте банки доверители да се повлечат и компанијата да не оди во стечај.
Во присуство на полиција блокирани се возила од двете страни, а се пропуштаат итни случаеви како на пример луѓе со авионска карта, болнички упат и слично.
Претставникот на Синдикатот Диме Убавков изјави за МИА дека градоначалникот Митко Јанчев, пратеникот Панчо Минов и претседателот на Синдикатот Ѓоре Палитов заминале за Скопје на средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев.