Македонската православна црква и верниците на 21 септември ќе го одбележат големиот празник-раѓањето на пресвета Богородица, празник кој се нарекува и Мала Богородица.
Овој празник се вбројува во 36 големи празници во црковниот календар обележани со црвени букви. Родителите на Пресвета Богородица Јоаким и Ана живееле во Назарет, а ќерката Марија ја добиле во постари години, после пет децении брак.
Празникот на раѓањето на Марија е на 21 септември, но не е познато, од кога се слави и одбележува.
Меѓу народот овој празник се слави и со живописни обичаи, посебно посветени на раѓањето. Некои семејства во свечено руво, иако не слават и не одат на слава, поголем дел од денот го поминуваат во празнично расположение, посебно во краевите каде се одржуваат панаѓури.
Се верува дека есента и зимата ќе бидат благи, без многу студени денови, ако на овој ден времето биде ведро без облаци и ако се види сонцето поголем ден од денот.
На Мала Богородица , исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани.
Жените така во четврток не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.
Постојат верувања дека на Мала Богородица ништо не треба да се работи од работи кои се работат со раце.
На овој ден наводно не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.