Во среда доаѓаат “Свингерите” во Прилеп: Претставата на годината EKСКЛУЗИВНО пред прилепчани!!!

Вистинска АТРАКЦИЈА во Прилеп: Урнебесната контроверзна КОМЕДИЈА која ги исполни салите во регионот, ЕКСКЛУЗИВНО пред прилепчани

На 31.01.2018 година (среда) со почеток од 20:00 часот, во Центарот за култура “Maрко Цепенков” во Прилеп ќе се случи вистинска АТРАКЦИЈА.

Претставата која ги исполни салите во регионот и до бескрај го насмеа Балканот, “Свингери”, ќе се одигра и пред прилепчани.

Актерите од Србија Јелена Ѓукиќ, Даниел Ковачевиќ, Мариана Аранѓеловиќ и Михаило Лаптошевиќ, ќе бидат “виовници” за одлична забава, која се случува еднаш и кој знае кога пак.

Се работи за оригинална и контроверзна комедија која благодарение на “Стенд-ап Македонија”, ќе ја гледаме во Прилеп.

Влезниците се по цена од 300 денари и истите можете да ги најдете во продажната мрежа на Купи карти за се: https://www.kupikartizase.com/Events/svingeri_2018 или во “Тобако Плус” и “Тобако Сити” во центарот на Прилеп.

Информации и резервации на телефонскиот број: 071/684-973




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.