До септември уште една нова градинка во Прилеп

6875-ushte-edna-nova-gradinka-vo-prilep-960x600-18

Жителите на Урбаниве заедници „Корзо“, „Чачорица“ и „Тапани“ до почетокот на месец септември оваа година ќе добијат нова градинка во просториите на ОУ „Рампо Левката“. Градоначалникот Марјан Ристески заедно со Христина Трпческа, директорка на градинките „Наша Иднина“ и директорката на ОУ „Рампо Левката“ Катерина Чавлеска – Трпкоска, направија увид на градежните работи во училиштето каде ќе биде сместена и градинката.

6875-ushte-edna-nova-gradinka-vo-prilep-960x600-12

„Денеска сме во увид на реконструкција на училниците во ОУ „Рампо Левката“ кои ова училиште ќе ги намени за реализација на нова детска градинка во овој дел на градот“, посочи директорката Катерина Чавлеска – Трпкоска.

hyhh

Со цел понатамошно унапредување, подобрување и зачувување на здравјето и поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на децата до 6 годишна возраст, општина Прилеп и градинките „Наша Иднина“ работат на зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст.
„Токму за таа цел ќе се отворат 4 нови групи за неколку месеци во состав на ОУ „Рампо Левката“, а под надлежност на градинките „Наша Иднина“ и ќе бидат сместени деца од предучилишна возраст“, а инвентарот на оваа градинка ќе го обезбеди Министерството за труд и социјална политика“, посочи Трпческа директорка на градинките „Наша Иднина“

6875-ushte-edna-nova-gradinka-vo-prilep-960x600-1

6875-ushte-edna-nova-gradinka-vo-prilep-960x600-8
„Денеска сме тука да го означиме почетокот на реконструкцијата на првиот спрат на ОУ „Рампо Левката“ кој небеше доволно искористен, а со овој потег ќе биде рационално искористен. Во оваа градинка ќе бидат згрижени 100 деца, а инвестицијата чини 3 милиони денари средства обезбедени од ЕЛС Прилеп“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.
Новата градинка ќе се состои од 4 училници, нови санитарни јазли, мини детско игралиште, посебен влез и ќе поседува со сите потребни елемени за згрижување на децата од предучилишна возраст која ќе започне со работа кон крајот на месец август или почетокот на септември, оваа година.
Овде нема да застанеме, со инвестиции од ваков карактер ќе продолжиме и понатаму. На Прилеп му е потребна и градинка со голем капацитет која ќе се гради во населбата Точила со што треба да биде решен проблемот со сместување на децата од претшколска возраст и во овој дел на градот, а нова градинка ќе има и во населбата Рид, планирано е и понатаму да се инвестира во изградба на детски градинки и адаптација и реконструкција на постоечки објекти во детските градинки во градот и во населените места, дополни во својата изјава градоначалникот Ристески.

6875-ushte-edna-nova-gradinka-vo-prilep-960x600-17

6875-ushte-edna-nova-gradinka-vo-prilep-960x600-16

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.