Во рамките на “Прилепско културно лето”, вечерва во Прилеп ќе започне “Француски филмски фестивал”

francuski film plakat

Во рамките на Прилепското културно лето  од  вечерва од 19.30 часот во киното Мис Стон ќе започне Француски филмски фестивал, што ќе трае до 23 јуни. Посетителите по свеченото отворање, на кое ќе присуствуваат претставници од Францускиот институт, ќе го проследат филмот – комедијата „Маестро“ на Леа Фазер, со Пио Марме и Михаил Лондал.

– Анри е млад актер, којшто сонува да игра во „Брзи и бесни“, но ќе се најде во ситуација да игра во филм на Седрик Ровер, заколнат припадник на авторскиот филм. Условите за снимање воопшто не одговараат на неговите очекувања… Но,благодарение на шармот на неговата партнерка и благонаклонетоста на режисерот, ќе се појават дотогаш непознати чувства за него. Ровер, пак, вознесен од младоста и имагинацијата на Анри, снимањето на филмот ќе го доживее како неочекуван подарок –велат од Францускиот институт.

Во четврток од 20.00  е „Случајот Си.. I“, додека во петок драмата „Три срца“.

ЦК„Марко Цепенков“ ревијата на француски филмови ја реализира со Амбасадата на Франција во Македонија, Францускиот институт и Општина Прилеп, а по повод 10 години од Францускиот филмски фестивал во земјава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.