Во осмата деценија од животот, а е позгодна од многу помлади: Исфрлила само една намирница пред 28 години

kerolin-harc_800

Многу жени откако ќе наполнат 50 години сметаат дека не е можно да одржуваат здрава тежина, но оваа дама на тоа се противи.

Керолин Харц е жената на која многу помлади жени и завидуваат. Оваа Австалијанка се одрекла од шеќерот пред 28 години, откако станала зависник од слатки работи. Се хранела здраво и се држела до режимот за храна без шеќери.

Од тоа изградила и сопствен бизнис. Каролин го основала “SweetLife”, напишала книга и многу рецепти за тоа како да приготвувате намирници и да живеете без шеќер. Во интервју за “Дејли мејл Австралија”, рекла дека многу жени откако ќе наполнат 50 години сметаат дека не е возможно да одржуваат здрава тежина.

Некои жени и во 40-тите и рекле дека откако станале мајки, не можат никако да си го вратат своето природно тело. Но, тоа е сепак возможно, тврди Керолин која има 70 години, а изгледа вака.

 

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.