Во Прилеп традиционално одбележан празникот „Преображение Господово“

IMG_2177

Пред голем број на граѓани, почитувачи на традицијата кои беа присутни во црквата „Св. Преображение“, традиционално беше одбележан празникот „Преображение Господово“. На настанот беше присутен и градоначалникот Марјан Ристеки.

IMG_2193

IMG_2199

„Им го честитам  денешниот празник на сите православни верници, посакувам љубов, надеж и бериќет во секој дом и Господ да ги поведе во радоста на празникот и во љубовта кон верата, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

IMG_2202

IMG_2203

IMG_2212

Според отец Блаже Станкоски, архиерејски намесник на прилепската епархија, денешниот празник „Преображение Господово“ спаѓа во големите празници што ги слави Светата Христова Црква.

IMG_2216

IMG_2275

IMG_2288

Црквата „Св. Прображение“ денеска го празнува и празникот на храмот, а според народното верување денеска за прв пат во годината се бере грозје и се носи во црква  каде што свештеникот по молитвата го благословува.

IMG_2252




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.