Иако според Управата за хидрометеоролошки работи највисоките температури изнесуваат 42 степени целзиусови, а во Куманово од 38 до 39, сепак според фотографијата поставена на социјалните мрежи, термометарот поставен пред еден маркет во центарот на Куманово вчера означи рекорд, 52 степени целзиусови, објави локалниот портал кумановски муабети.
Дали затоа што термометарот е на сонце или се расипал не знаеме, но едно е сигурно утре ни следува пеколно претпладне, а попладне невреме.
Рекордот со највисока измерена температура досега во Македонија е постигнат на 24 јули 2007 година во Демир Kапија, кога се измерени 45,7 Целзиусови степени.