После Бразилецот Лукас Силва Сантос Жуниор, во редовите на Победа пристигна и 9-тото засилување.
Комплетното пополнување на играчкиот ростер е при крај со ангажманот на 23-годишниот левоног страничен фудбалер Александар Исаевски.
Тој долго време живеел и кариера изградил во САД настапувајќи за колеџ екипи со забележителен успех-во две сезони околку 40 натпревари и 9 голови.
Во Победа доаѓа по есенските 14 натпревари за Македонија ЃП, а особено по поволниот впечаток на пробниот меч со Дрита во Охрид.