Внимание: Утре е Блажена Марија заштитничка на сите жени, а дома никако не правете го ова

blaganas

Утре е Св. мироносица Марија Магдалина.

Света Марија Магдалина црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа. Инаку, потекнуваше од градот Магдала (по тоа е наречена Магдалина). Од неа Христос истера седум демони. Од тој момент таа толку го возљуби Господа што не се одвои од него дури ни при неговото распнување. По неговото воскресение едно време престојуваше во Ерусалим, а потоа му помагаше на свети Јован Богослов во проповедта на словото Божјо во Ефес, каде и го заврши својот земен живот. Во петтиот век моштите и се пренесени во Цариград.

Бидејќи според заслугите во одбраната на христијанството е рамна на апостолите Марија Магдалена е наречена рамноапостолна. Таа е родена во Сирија во близината на градот Магдала, поради што е наречена Магдалина. Во младоста била грешница, од што на прав пат ја извел Исус, а таа оттогаш станала негова верна ученичка. Во Светото евангелие според Марко се вели дека Исус од неа истерал седум бесови и целосно ја изцелил од болеста од која страдала: „А Исус кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најпрвин на Марија Магдалина, од која беше истерал седум демони“. (Марко 16:9)
Присуствувала на поважните моменти од неговиот живот особено последните денови, присуствувала на распнувањето на Голгота и страдала заедно со мајка му Богородица. Видела и кога го положиле во гробот. По воскреснувањето Исус најпрвин ѝ се јавил нејзе. По Воскресението со Пресвета Богородица и со апостолите живеела во постојана молитва и била сведок на првите успеси на христијанското учење во Еруалим.
Потоа пристигнала во Рим и на царот Тибериј подавајќи му црвено јајце му ја соопштила веста за Христовата судбина и за воскреснувањето. Му се обратила со зборовите: „Христос воскресе“, и со тоа му соопштила за распнувањето и воскреснувањето на Исус. Во исто време го обвинила Понтије Пилат дека иако можел не го заштитил праведниот Исус. Тоа било причина царот да го повлече Пилат и да го испрати по казна на служба во Алипите каде што во царска немилост го завршил животот. По овој пример останал обичај христијаните да си подаруваат црвени јајца и да си го честитаат празникот Велигден со зборовите „Христос воскресе“.
Подоцна Марија Магдалина дошла во Ефес каде што му помагала на Јован Богослов во проповедањето на Христовата вера. Тука и умрела, и била погребана, а подоцна во 5 век нејзините мошти од Ефес биле пренесени во Цариград. Светата Христова црква споменот на нејзиното име го празнува на 4 август според новиот, односно на 22 јули според стариот календар.

Како и на Огнена Марија така и на овој празник домаќинките треба да одмораат. Народот верува дека не е добро било што да се прави во домот и на поле, за светицата да не се навреди. Од друга страна, се верува дека добрите и честити жени имаат заштита од Блажена Марија.

Народот верува дека доколку на овој празник жените одат во црква, се помолат на на и запалт свеќа, можат да бараат исполнување на една желба и светителката нема да ги одбие.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.