Внимавајте како ја китите новогодишната елка: Овие уреди можат да престанат нормално да функционираат

Експертите утврдиле дека ламбичките за китење на новогодишните елки можат да влијаат на силата на сигналот од бежичниот интернет.

Експертите велат дека премногу украсни ламбички може да засметаат на сите бежични уреди.

Резултатите од истражувањето доаѓаат од телекомуникациската компанија Ofcom која тврди дека голем број модерни уреди користат слична работна фреквенција (околу 2,4 GHz). Рутерите, бежичните телефони, па дури и старите уреди кои користат Bluetooth негативно влијаат на интернет врската.

Гужвата создава слаб сигнал!

А, што е со гужвите? Па, според зборовите на Нендан Кале, кој ја предводи подружницата на Belkin, дури и големи групи на луѓе можат да влијаат на силата од сигналот.

Гужвата, за среќа, не е главна причина за лошиот сигнал, што претставува добра вест.

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.