Влегол во сосем обична продавница, од таму излегол побогат за скоро 450 милиони долари

Среќен добитник освоил 447 милиони долари во американската лотарија „Пауребол“, што е десетта најголема добивка во историјата на игрите на среќа во САД.

loto-jackpot

Добитната комбинација вредна скоро 450 милиони долари гласи 20-26-32-38-58, тикетот е уплатен во Калифорнија, наведува агенцијата АП.

На фотографијата е прикажана продавница во Калиформија во која се продава алкохол и деликатеси (Marietta Liquors & Deli), во која е продаден добитниот тикет. Многумина го нарекуваат најсреќното место во Америка.

Портпаролот на американската лотарија Ренди Милер кажа дека ќе биде потребно време да се утврди идентитетот на добитникот и дали тикетот е во ред.

loto-jackpot-2-640x471

Наградната игра „Пауербол“ се игра во 44 држави, меѓу кои американската сојузна држава Вашингтон, Пуерто Рико и Британските  Девствени Острови.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.