Владата објави јавна набавка: Се купуваат ли двојазични униформи за полицијата?

На вчерашната седница Владата усвои информација за потреба од набавка на униформи за припадниците на полицијата.

Владината прес-служба соопшти дека Владата го задолжила Министерството за внатрешни работи да поднесе барања за добивање согласност до Советот за јавни набавки за спроведување јавни набавки за повеќе делови од униформата за припадниците на полицијата.

Со оглед на тоа што во изминатата година беа набавувани нови униформи, јавноста се сомнева дека со оваа одлука е наменета за купување на нови, двојазични униформи, кои се предвидени со новиот закон за јазици. Според договорот помеѓу СДСМ и ДУИ, униформите на полицијата треба да бидат напишани и на македонски и на албански јазик.

-Во врска со оваа точка, Владата донесе одлука да му се укаже на Советот за јавни набавки, поднесените барања од Министерството за внатрешни работи во однос на униформата за полицијата, согласно закон да ги разгледа во пропишаниот рок и да донесе одлуки во рамките на утврдените законски надлежности, стои во соопштението. – стои во соопштението на владата.

Извор: Република




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.