Виното и љубовта и оваа година најдобро пулсираа во “Пица Бар Академи”: Ги стоплија срцата на заљубените парови и им приредија ноќ за паметење (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Св. Валентин и Св. Трифун синоќа се празнуваа во речиси сите локали и кафулиња во Прилеп, но никаде не беше така посебно и магично како во “Пица Бар Академи”.
И оваа година сопствениците приредија прекрасна ноќ за паметење и на совршен начин ја доловија ноќта посветена на виното и љубовта.

Заљубените прилепчани и нивните поубави половини синоќа уживаа во одлична атмосфера украсена со боите на љубовта, во одлично вино и секако неверојатна храна, на која не и е рамна ниту амброзија.

Мајсторските раце на кулинарите во “Пица Бар Академи” само дополнително ги загреаа срцата на заљубените парови и им подарија сеќавање за до наредната година.
За се да биде совршено, од Aкадеми се досетија, па на секоја припадничка од понешниот пол и подарија ружа.

Гостите беа расположени за фотографирање и дозволија да им украдеме еден момент од нивното заедничко време.

Секако, добија искрени желби за долг заеднички живот исполнет со љубов, романтика, радост и среќа.

Од Академи уште еднаш докажаа дека знаат како да допрат до срцата на заљубените, дека знаат што значи да се биде број еден и да се зачува тој примат постојано.

Одново пружија топлина, позитивна енергија, амбиент …. што само говори дека ова место треба да се посети секогаш и да се слави љубовта во текот на целата година.

Гостите задоволни, сопствениците пак исполнети, а зошто и не кога секогаш успеваат да донесат насмевка на сечие лице.

[Best_Wordpress_Gallery id=”3450″ gal_title=”Akademi2018″]

Извонредно беше да се присуствува и да се “украде” дел од целата позитивна енергија, што ја поседува ова место.

До в година, посетете ги барем уште 100 пати, затоа што ниту еднаш нема да зажалите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.