Викендов во манастирскиот комплекс „Св. Илија“ во Мариово ќе се оддржат традиционалните – Мариовско мегленски културни средби

6907-vikendot-vo-manastirskiot-kompleks-sv.-ilija-vo-mariovo-ke-se-oddrzat-tradicionalnite-mariovsko-meglenski-kulturni-sredbi-960x600-1

По 33-ти пат во прилепско Мариово во недела на 28 мај ќе се оддржат традиционалните Мариовско-мегленски културни средби.
„Со овие средби се негува фолклорно и културното наследство на регионите, а на истите присуствуваат повеќе граѓани од Прилеп и Македонија, локалното население како и учесници во богатата културно-уметничката програма. Целта и значењето на одржувањето на средбите е зближување на населението од двата региона на Мариово и Меглен, средба на лица кои се иселиле од регионот, како и остварување на културна размена во пошироки рамки“, посочи Советничката за култура Снежана Ристеска на денешната прес конференција.
И за овогодинешата манифестација е предвидена богата културно-уметничката програма која ја најави Стојан Ѓуровски, Претседател на Здружението Мариовско-Мегленски средби.

„На 33-тите Мариовско мегленски средби ќе настапат КУД од Битола, Крушево, Кавадарци и Прилеп, Ансамблот на Стевче Стојкоски од Скопје, учество во програмата ќе земат и дел од актерите на прилепскиот театар, како и Друштвото на писатели на Македонија кои на претходно објавен конкурс од страна на здружението Мариовско-мегленски културни средби кои беа наградени, ќе биде поставена и изложба на народни носии и рачни изработки карактеристични за тој крај. Средбата ќе заврши со традиционален заеднички ручек“ изјави Ѓуровски.

Она што е особено значајно за овие средби е нивниот придонес кон развојот на руралниот туризам и промовирањето на Мариовскиот регион како вонреден потенцијал со придобивките кои ги нуди чистата животна средина. Локалната самоуправа на Прилеп е покровител на настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.