“Стар Делгуидис (28) од Бирмингем минатиот декември направила операција за зголемување на задникот поради која заминала дури во Турција.
Стар од својата 18 година редовно ги посетува естетските хирурзи и досега на 200 операции потрошила 230.000 фунти. Со сите била задоволно освен со последната, бидејќи како што изјавува не била свесна колкав ќе и биде задникот после операцијата.
Проблемот е што се потребни две години вградените импланти да се прилагодат, а дотогаш постои опасност тие да се распрснат.
Цело време сум под стрес, одам и на психолог“ – изјавува Стар на која и е идол бујната риалити ѕвезда Ким Кардашијан.
Проблемите настануваат кога сака да седне, што го прави многу ретко, а изјавува дека задникот во бикини и изгледа “ненормално“.
Сепак, веќе има во план нови естетски зафати, па ќе ги доработува градите и ќе го зацврсти лицето, а од вградувањето на додатни силикони се откажала засекогаш.