(Видео)НАРОД СЕ СОБИРА НА ПЛОШТАД: Кранот од Бугарија ги возбуди граѓаните – народна стража на споменикот на Александар Македонски

Народ се собира на плоштадот „Македонија“ во Скопје, по информациите дека во Скопје пристигнал кран кој наводно ќе се користи за отстранување на споменикот на Александар Македонски

Според информациите објавени на социјалната мрежа твитер, одредени лица тврдат дека вечерва од својот постамент ќе биде отстранет споменикот на Александар Македонски.

Наводно, од Бугарија е пристигнат кран кој беше сместен во противпожарната бригада во Авто Команда, а потоа релоциран.

Кранот има носивост од 80 тони и висина за маневрирање од 50 метри, со што логично е истиот да биде користен за огромна маневарска операција, како што е дислоцирањето на споменикот кој му дава живот на градскиот плоштад во Скопје.

Официјални информаци се уште нема, а на социјалните мрежи атмосферата е напната, додека пак коментарите за оваа тема се претежно негативни.

 

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.