Премиерот на Русија, познат по неговата опсесија кон интернетот, за време на седницата на државниот врв, случајно пушти музика од “Покемон”.
На состанокот пристуствуваа Владимир Путин, претседателот на Русија, Валентина Матвијенко, претседател на Советот на федерацијата, Сергеј Лавров, и други високи функционери.
Судејќи по тоа што го сними камерата, состанокот веројатно беше посветен на културата.
Медведев си играше со копчињата додека некој зборуваше, па несакајќи пушти музика и тоа прилично гласно.
Погледнете:
Ф.Г.