Прилепчани секојдневно се сведоци на нови и нови грди слики во нивниот град.
До нас постојано пристигнуваат нови фотографии од уништена урбана опрема во парковите, запоставени тревници, еден куп кратери по улиците и голем број маалски депонии.
Најновите фотографии се од паркот на улицата “Петта прилепска бригада”. Од нив може да се види дека паркот кој е со должина од 900 метри е целосно запуштен.
Искршени клупи, обрасната трева, наместа дури и ја нема, расфрлани отпадоци и руинирани детски катчиња.
Зошто не се води грижа за овие маалски места за одмор и рекреација во кои уживаа од најмлади до најстари, најдобро знаат новите општински власти во Прилеп…