Во насока на утврдување на причините за пожар во станот на булеварот „Туристичка“ во Охрид во која почина жена, јавен обвинител издаде наредби за прибирање на траги од лице место врз кои претстои вештачење.
– Ангажирани се вешти лица за вештачење на електричната енергија во станот, како и екипи на крим техника, а издадена е и наредба од јавен обвинител од ОЈО Охрид за вршење на обдукција над телото на починатата, соопшти Јавното обвинителство.
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид врши увид на лице место заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, во опожарениот стан што се наоѓа на високо приземје во повеќекатница.
Пожарот, како што велат од Обвинителството, бил веднаш изгаснат од противпожарната служба, притоа е констатирано дека има починато лице – жена на возраст од 71 која живеела сама во станот.