Законот за двојазична Македонија чија целосна содржина со огромен интерес сака да ја дознае цела држава и во врска со кој имаше протести 80 дена насекаде во Македонија, премиер
Оваа вест не е ниту сатира, ниту лажна вест – премиерот Заев и вицепремиерот Хазби Лика според најавеното ќе дадат изјава за медиуми пред ресторанот „Лихнидос“ во Охрид. Ова стои во информацијата која беше објавена утрово од соросовите портали.
Деталите од законот наместо на голема прес-конференција со многу новинари, прашања, објаснувања и дебата, имајќи ја предвид круцијалната важност на овој закон за иднината на Република Македонија, ќе бидат соопштени пред кафана. Веројатно на полн стомак, залиен со вино и со пријатна охридска чалгија во позадина.
Против закон за двојазична и бинационална Македонија дваипол месеци низ цела Македонија протестираа десетици илјади граѓани секој ден. Граѓаните предупредуваа дека со законот како дел од тиранската платформа се загрозува унитарниот карактер на Република Македонија.
Како дополнување на целиот нереален театар на апсурдот кој ни се случува, случајно или не, законот за двојазичност ќе биде презентиран пред ресторан во Охрид кој се вика – „Лихнидос“.