Меѓу финалистите на “Google LunarX Prize” натпреварувањето, влезе и тимот од Калифорнија, кој сака да произведи пиво на Месечината. Дел од работата ќе ја завршат на Земјата, а потоа на крајот од годината ќе го лансираат остатокот од пиварата на Месечината.
Различни мисии предвидуваат одење на луѓе на Месечината во наредниве 15 години, а првите луѓе кои ќе се вратат на нашиот природен салтелит би можеле да бидат дочекани со ладно пиво.
Тимот од Универзитетот во Калифорнија својот експеримент го испратиле на “Google Lunar XPrize” натпреварувањето.
За место во леталото “TeamIndus” се бореле 3.000 тимови, а ова е еден од нив кој ќе полета на 28-ми декември.
“Се започна како шега меѓу група на пријатели. Сакаме добро пиво, а некои од нас имаат и системи за домашно производство на пиво”, вели Неки Ашари, лидер на тимот. Кога слушнале за слободно место во индиското летало, одлучиле своето хоби да го поврзат со натпреварување и да се фокусираат на отпорноста на квасецот во вселената.
Ф.Г.