Велески кандидат за градоначалник на Прилеп!?

463363

Во пресрет на 31 август и официјалното соопштување на кандидатите за градоначалници, партиите засилено ги реализираат своите теренски и телефонски анкети.

За партиските членови и раководства ова ќе биде “жешка” есен. Според внатрепартиски извори локалната опозиција на 15 октомври во тешката битка со ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе со проверен и стар партиски кадар.

Информациите од опозициониот табор велат дека убедливо најдобро на анкетите стои претседателот на ОО СДСМ Сашо Велески, стопанственик и актуелен советник.
Препознатлив за членството, добрите организациони способности биле причината далеку зад себе да ги остави своите конкуренти!?
Сепак провејува мислењето дека кој и да биде кандидат ќе биде скоро неизводливо да го победи ВМРО-ДПМНЕ, заради многуте рееализирани проекти на локално и централно ниво и комплетно новиот лик на градот. Решените инфраструктурни проблеми, канализационата мрежа, одличните јавни претпријатија, инвестициите во образованието, јавниот превоз, новиот лик на населените места, населбата Тризла, се неоспорно видливи адути, што секој прилепчанец би ги наградил.
Сите анализи, анкети, промоции ќе вродат за некого резултат вечерта на 15 октомври.
Со среќа!

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.