Новинарот Васко Ефтов напиша подолг статус на својата фан страна на Фејсбук, во однос на можноста за промена на уставното име на државата, од страна на новиот премиер Зоран Заев.
“Не е поентата дали Заев планира да го смени името. Најмалку ме интересира и најмалку ми е важно што се планира и што е испланирано како политичка карма на Заев! Поентата е што ќе прават другите ако Заев решил, се договорил или добил задача да го смени името?! Другите кои добивале гласови да ја чуваат државата и името, другите кои имале гледачи на своите емисии бидејќи од гледачите биле доживувани како луѓе кои си ја сакаат и бранат државата, другите кои добивале плати, субвенции и тендери од државата, другите кои полагале заклетва пред Уставот дека ќе ја бранат државата: Што ќе прават тие? Или што ќе правиме ние останатите кои не сме добиле пари, власт, тендери, аболиции и слични бенифиции, не сме направиле криминал заради што ќе можат да не уценуваат и да не држат околу вратот – ШТО ЌЕ НАПРАВИМЕ НИЕ? Ќе се радуваме дека Заев или некој друг го сменил името? Ќе се браниме – ДЕКА НЕ СМЕ НИЕ!? Нема да може. Сите НИЕ сме и ќе бидеме виновни ако дозволиме и прифатиме грст некадарници да ја обезличат државата. Затоа не им се плашите и покажете став и интегритет. Не сте вие Зврлески за да им се плашите и бегате пред нивните камери. Што ќе ви направат!? Ќе ви го земат тенџерето до грав во петок!? Или ѓезвето во кое секое утро варите турско кафе!? Ништо не ви можат. Ама без ВАС нема да можат да го сменат ИМЕТО, па макар светот тумбе да го превртат! И точка! Нема да може!”, напиша новинарот Ефтов.