Најдобриот фудбалер на денешницата Кристијано Роналдо е на заслужен одмор со семејството.
По тешката сезона која заврши пред неколку денови со полуфиналниот меч во Купот на конфедерации, Роналдо конечно го дочека годишниот одмор.
Фудбалерот со своите два сина и ќерката одмараат далеку од очите на јавноста на Ибица каде што се наоѓаат веќе неколку денови.
На Роналдо друштво му прави и неговата мајка и сестра.
Роналдо кој пред три недели доби близнаци, на терените се враќа во август и се очекува на 8 август да игра во финалето на Супер купот во Скопје.