Фото: FK Vardar – Facebook
Вечерва со почеток од 20:00 часот, македонскиот шампион Вардар го игра повратниот меч од третото коло во квалификациите за Лигата на шампиони со Копенхаген во Данска.
Вардар отпатува во Данска со резултатска предност од 1:0, а во првиот натпревар во Скопје докажа дека скандинавците му се противници по мерка.
Предноста можеше да биде поголема, но и овој резултат на Вардар му ветува цврста борба и шанса да дојде до плеј оф рундата, која е последниот чекор кон групната фаза во најелитното натпреварување.
Доколку Вардар успее да ги сочува овие1:0 кои ги има од Скопје после првиот натпревар против Копенхаген, Македонија сигурно ќе има преставник на есен во фудбалска Европа, најмалку во Лигата на Европа.
АЈДЕ, АЈДЕ, ВАРДАРЕЕЕ!
А/Г/