ВОНРЕДНА ВЕСТ: Каталонија прогласи независност од Шпанија!

Каталонскиот парламент прогласи независност од Шпанија. За независност гласаа 70 пратеници, а против беа 10, а два пратеници беа воздржани.

Шпанскиот Сенат би требало во 15:30 по локално време (16:30) да гласа за членот 155 од шпанскиот Устав, кој овозможува преземање контрола на надлежностите на Каталонија, соопшти шпанскиот Ел Паис.

Како што се наведува, Народната партија на премиерот Рахој има мнозинство, така што се очекува неговиот предлог за активирање на овој член од Уставот да биде прифатен.

Седницата почнала во 10 часот, а весникот пренесува дека во еден момент Рахој ја напуштил седницата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.