Ова е најдобар доказ за тврдењето дека кучето е најдобар пријател на човекот. Ствивен го носел својот лабрадор Хенри на прошетка, кога се нашле во голема опасност, односно излегле на патот на оргомна мечка.
Тие всушност не знаеле дека се наоѓаат на патот меѓу мечката и нејзините младенчиња. Оваа положба е многу опасна, бидејќи женките мечки знаат да бидат многу агресивни доколку негој го доведе во опасност нивното потомство.
Водена од инстинктот, мечката тргнала во напад, како би го заштитила потомството. Иако изгледало дека се е изгубено, Стивен набрзо сфатил дека покрај себе има заштитник.
Хенри започнал да лае на мечката, па веќе нападнатиот Стивен имал доволно време да ја оттурне од себе и да избега.
Мечката потоа го нападнала и кучето, но лабрадорот бил доволно брз да ја заобиколи и да избега.
И двајцата завршиле со лесни телесни повреди, но ова е најдоброто што можеле да го “добијат”.
Ф.Г.