Денеска очите на цел свет се вперени во Шпанија, бидејќи во нејзината покраина Каталонија се одржува референдум за независност, со бројни инциденти и судири на граѓаните и полицијата.
Од една страна државата се обидува да го спречи референдумот, додека од друга Каталонците не се откажуваат од закажаниот референдум.
-На избирачкото место во колеџот Џауме Балмес во Барселона во судир со полицијата се повредени неколку лица, пишува Ел Паис.
Полицијата ширум Каталонија насилно упаднувала на избирачки места и запленила гласачки ливчиња и кутии.
Следете во живо: