Реткото астрономско случување – Суперкрвава сина Месечина – после 36 години ќе може да се види од некои делови на Земјата. Случувањето предизвикува големо возбудување затоа што вечерва, 31 јануари, ќе се спојат три необични лунарни појави: Супер Месечина, сина Месечина и целосно помрачување на Месечината.
За жал, Европа не е помеѓу местата од кои овој редок феномен ќе биде видлив. Во него ќе можат да уживаат во Северна Америка, Азија, на Блискиот исток, Русија и Австралија.
Сината Месечина е втората полна Месечина во еден календарски месец. Обично се појавува на секои две години и осум месеци.
Супермесечината се јавува кога Месечината е најблиску до Земјата во својата орбита. Во таа точка, наречена перигеј Месечината изгледа за 14% поголема и 30% посјајна. Тие две појави не се толку ретки, но во комбинација со истовремено помрачување на Месечината, не се случиле последните 36 години.
Порамнувањето на Сонцето, Месечината и Земјата ќе трае час и 16 минути и за разлика од помрачувањето на Сонцето, ова помрачување ќе може сигурно по здравјето да се набљудува со голо око.
Оваа појава последно се случила на 30 декември 1982 година и тогаш истата била видлива од Европа, Африка и западна Азија.
Според некои податоци пак, оваа појава не се случила во последните 150 години.
Супер Месечината е тука да не трансформира и да го означи почетокот на новиот шестмесечен почеток. Ако сме подготвени и желни да се ослободиме од работите кои не ни одговараат и да се ослободиме од негативната емотивна енергија, сега е моментот. На таков начин ќе го вратиме нашиот сјај.
Погледнете го видеото: