Ова е редовна слика на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” во центарот на Прилеп.
Цели чопори кучиња скитници се редовна “декорација” на градскиот плоштад, а прилепчани во страв поминуваат покрај нив.
Не ретко истите се агресивни и напаѓаат случајни минувачи, а за сето тоа време никој не превзема ништо конкретно овој проблем да се надмине.
Всушност животните не се криви, тие се безгрешни суштества кои не по своја вина се запоставени и оставени без нечија грижа, но локалните власти редно време е да се позанимаваат со овој проблем и да им овозможат на своите сограѓани непречено движење.
Ништо поразлична не е сликата и во другите делови на градот. На ваков проблем често се жалаат и жителите на населбите “Toчила” и “Марино маало”.