ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Да дадеме поддршка за отварање на нови работни места и нови инвестиции, нови куќи за младите, нови патишта и улици

Денес опасно сме доведени на прагот на урнисување на Македонија, македонскиот идентитет, македонската историја и македонштината! Однародени политичари во само 100 дена успеаа безобѕирно да ги распродадат македонските интереси, велат од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

-Тука сме да ви кажеме дека борбата за Македонија не запира! Напротив! Овој предизвик не соочува со одговорноста која ја имаме пред нашите претци кои го дале животот за независна Македонија, но и пред нашите деца и идни поколенија, да ја зачуваме Македонија, да го зачуваме Прилеп, да не го изгубиме јазикот, да не ги сотреме традициите! Денес, исправени сме пред нова, демократска битка, за стабилност и развој на нашата општина! Битка за продолжување на реформите и развојот кои успешно ги градиме 12 години.  Битка за нова ера на Прилеп, потенцираа од ОК Прилеп.

Од таму додаваат дека за таа цел, ве повикувам масовно да се приклучеме на големиот сенароден митинг кој ќе се одржи во Петок, во 20.30 часот на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп.

-Ве повикувам, заедно да ја споделиме визијата за успешна, модерна и економски силна општина Прилеп! Ве повикуваме сите заедно да дадеме поддршка за отварање на нови работни места и нови инвестиции, новикуќи за младите, нови патишта и улици, нови градинки и училишта. Да кажеме да за економскиот развој! Да кажеме да за иднината за нашите деца! Секогаш работа! Секогаш Прилеп, истакнаа од ОК Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.