ВМРО-ДПМНЕ ОК ПРИЛЕП: Ако новиот градоначалник ветуваше дека на граѓаните ќе им обезбеди чист воздух тој треба да почне и да делува

Имајќи го во предвид фактот што грејната сезона е почната, и е во полн ек, а земајќи ја во предвид предизборната програма на актуелната власт предводена од СДС и градоначалникот Илија Јованоски во која на граѓаните им ветуваа живот и чист воздух, ја користиме оваа прилика да ги информираме дека како советничка група на ВМРО – ДПМНЕ на првата наредна седница на Советот ќе побараме дополнување на Дневниот ред на седницата со една точка и тоа: Донесување на Одлука за одобрување на средства за набавка на четири апарати за мерење на загаденоста на воздухот на територијата на Општина Прилеп, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК ПРИЛЕП.

Од таму потенцираат дека, ако тие ветуваат дека на граѓаните ќе им обезбедат чист воздух тие треба да почнете и да делуваат.

-Затоа ние ќе бараме од Советот да донесе одлука со која ќе се набават овие апарати со кои континуирано би се контролирал квалитетот на воздухот во Општинава и неговата загаденост. Согласно Законот за квалитетот на амбиентниот воздух и неговите одредби постои можност и локалните власти да воспостават локални мрежи кои вклучуваат автоматски мониторинг станици за мерење на нивото на сулфур диоксид, азот диоксид, јаглерод моноксид и суспендирани честички со големина до 10 микрометри (PM10) во воздухот. Затоа што буџетот за 2018-та сега се подготвува и затоа што нема никаква пречка за набавка на вакви мерни станици, еве можност градоначалникот Илија Јованоски да реализира едно од своите ветувања и да донесе чист воздух во Прилеп, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК ПРИЛЕП.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.